Камерите се вклучија! „Безбеден град“ ќе снима сообраќајни прекршоци, месецов со опомени, казни од јануари

Фото: МИА

Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град “ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци  во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот  месец. Од ноќеска на полноќ до возачите почнаа да стигнуваат првите пробни пораки за прекршоци, каде има и Записник за сторен сообраќаен прекршок.

Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни.

На апликацијата Waze возачите може да ги најдат позициите на камерите од системот Safe city

Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила. Во следната фаза ќе се прошири видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем. 

Како што најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, проектот „Безбеден град“ ќе започне со примена на 1 јануари 2026 година, а граѓаните ќе имаат еден месец пробен период за информирање пред официјалниот старт.

За  примена на системот во изминатиот период се работеше на пакет законски измени.

Системот ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони. 

– Проектот има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да воспостави поефикасен систем на превенција и санкционирање преку дигитална комуникација со граѓаните изјави Тошковски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ