Џејла Рамовиќ пеела во Кичево без дозвола, полицијата го прекина настапот, со бендот ќе добијат прекршочна

Фото: Инстаграм

Одделението за внатрешни работи Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, ноќта меѓу 29 и 30 ноември спроведоа засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кичево.

– При контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, се наведував во соопштението од МВР.

Против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ