На журка со усул! Засилени инспекциски контроли во пресрет на претстојните празници и прослави

Државниот пазарен инспекторат во пресрет на претстојните празници и зголемен број прослави ќе спроведува  засилени инспекциски надзори во угоситителските објекти со цел спречување на одредени нерегуларности  во  работењето и заштита на присутните гости.

-Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други одредби. Државниот пазарен инспекторат соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите. Ги повикуваме граѓаните секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk, информираат од ДПИ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ