Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. 

– Имавме преговори кои вродија со плод,  дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и  бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот  воз замина за Куманово во 4.57, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на  Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.

Според Димовски, во тек на бојкотот, што почна вчера во 13.30 часот, биле стопирани сообраќања на пет патнички воза, два за Битола, и по еден за  Куманово, Гевгелија и за Велес, додека кај товарните возови немало застои освен задоцнувањата поради активности на пругите.

До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа….

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ