ОЈО бара притвор з таткото и ќерките чии крави ги малтретираат соселаните, а спречувале полицајци и инспектори од АХВ да ги одземат кравите

Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со  ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

-Осомничените, татко и двете негови ќерки, како соизвршители на 2 декември,  со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток. Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, информираат од ОЈО.

Според обвинителството, од нивното однесување произлегува дека и покрај сите досега преземени активности од голем број надлежни државни органи, осомничените сепак подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, а сега започнуваат дејствија на спречување и спрема вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од Агенција на храна и ветеринарство, како и на униформирани полициски службеници.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ