Во момент кога во судницата во Идризово доминираа правни расправии и меѓусебни обвинувања, настана краток прекин исполнет со тишина.
Бранителот на обвинетиот Јане Јанчевски – управител на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ – адвокатот Јовица Страшевски, ѝ предложи на судијката да се направи исклучок од вообичаената процедура.
„Предлагам да оддадеме почит со едноминутно молчење за жртвите,“ рече тој.
Судијката Дијана Груевска Илиевска го одобри барањето, а сите во салата – обвинети, адвокати, обвинители и роднини на загинатите – се исправија и во тишина ја исказаа почитта кон 63-те жртви.
Овој гест уследи по тврдењата на одбраната на „Рубикон“ дека нивните работници не можеле да спречат внесување пиротехника и дека, напротив, дел од нив се изложиле на опасност обидувајќи се да извлечат луѓе од пожарот.
Најновите информации за судењето во Пулс можете да ги следите овде.




