МВР: Поведена прекршочна постапка против Менди Ќира, градоначалник на Струга за неупотреба на државното знаме

Фото: Општина Струга

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-Општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6 а казнив по член 11 од „Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија”, информира Министерството за внатрешни работи. 

– Пријавените, како организатори на настан по повод денот на Албанското знаме, што на 28.11.2025 година се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С.Македонија што, според Закон, биле обврзани да го направат, се вели во информацијата објавена на фејсбук страницата на МВР. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ