Жена од кавадаречко со возилото удрила во пешак, па излегла го истепала и побегнала

МВР информира дека вчера во беровско се случила необична сообраќајка, каде возачот удрил во пешак, па излегла од возилото и го истепала и побегнала.

-На 08.12.2025 во 00:40 часот во ОВР Берово е пријавено дека пред угостителски објект во с.Будинарци, беровско, М.М.(52) од с.Возарци, кавадаречко, со патничко возило „хјундаи” со штипски регистарски ознаки, удрила во Д.Г.(38), кој бил заедно со Ѓ.Ч.(24), двајцата од с.Митрашинци, беровско. Потоа излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч., по што физички го нападнала Д.Г. и го напуштила местото на настанот со уште едно лице кое било со неа во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ