Цената на авто школите отиде во небо! Општина Новаци додели субвенции за возачки дозволи за млади лица

Општина Новаци прв пат оваа година додели субвенции на млади лица кои одлучиле да посетуваат авто школа и да се здобијат со возачка дозвола за возила од „Б“-категорија.

Решенијата за исплата на субвенциите за возачки дозволи од „Б“- категорија за сите млади лица до 26 години ги потпиша градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

-Секој корисник ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 денари, како дел од нашата локална политика за поддршка на младите, поттикнување на нивната мобилност и олеснување на трошоците поврзани со нивното образование, вработување и секојдневни потреби. Со оваа мерка продолжуваме да инвестираме во младите луѓе во нивната иднина, независност и развој, истакна градоначалникот Стевановски.

На доделувањето субвенции за возачки дозволи од „Б“-категорија за млади лице во Општина Новаци претходеше јавен повик, посочија од тамошната локална самоуправа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ