Мицкоски: Ќе сториме сè за да помогнеме на семејствата од Кочани

И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира лажна слика да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни. Дојде исто така да биде дел од анкетната расправа и претседателката и претседателот на Собранието. Ги слушнавме ставовите на родителите кои земаа збор, како и дискусиите на дел од организациите и пратениците, истакна премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на која се расправаше по претставката на Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Кочани.

Според премиерот, континуираните лаги на опозицијата се распластуваат во рака како обична лага и вистината е сосема поинаква.

– Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние коишто ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, како и до сите оние кои што се повредени од овој трагичен настан. Ние како држава ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега којашто е потребна. Се разбира, сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили, додаде премиерот.

На новинарско прашање зошто не треба да се разговара за оваа трагедија на анкетна комисија, а за Ласкарци, Беса Транс и модуларната болница се формирале комисии, премиерот рече дека тие се во процес кој што судски има своја пресуда.

– Мислам дека тука може многу лесно да се зборува, бидејќи сите факти се изнесени во рамките на судската расправа. за овој процес, јавниот обвинител вели: „имаме три посебни случаи“. За едниот случај е отпочнат судскиот процес и е во рамките на суд. Значи, немаме пресуда ниту во прв степен, а другите два се во рамките на истрага, сосема различно од Ласкарци, Беса транс и модуларната болница, во коишто судскиот процес за сите во прв степен е завршен, а за некои и во втор степен. Сите детали од истрагата се познати на јавноста и може да се дискутира во рамките на анкетна расправа за да може јавноста да биде дополнително сведок дали некој бил привилегиран, дали вистински е донесена правдата, дали е констатирана неправдата, дали се одмерени казните, дали можеби треба да се прошири, истакна Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ