На денешната Анкетна комисија во Собрание се обрати и мајка на загинато дете.
Таа рече:
-Имам 36 години и мене ми е срам што сум дел од ваква држава. Требаше да ја послушам ќерка ми и пред време да се иселам од оваа држава. Ние бараме системот да се смени и да почне во добра насока, но гледам дека прво сакавте да манипулирате со нас родителите. Срамно од ваша страна. Девет месеци никој од вас не се појави во Ко0чани и да ни подаде рака, да ни изрази сочуство. Со некои лично се видовме и не ни оставија впечаток. Ние бараме правда не само за нашите и за вашите деца, сите имате деца дома. Дали сте се запрашале дали треба да го смениме системот од корен Да, требате. И ние стоиме тука пед вас не само како родители, туку и како граѓани, што 35 години гледаме дека не функционира. Ако не го смениме системот нашите деца ќе се иселат, како и ние. Па мене ми е срам што сум дел од оваа држава. Дозволуваме секој ден да гледме убиства, да гинат млади, да се иселуваат. А од што? Не е од нас! Од вас е! Вие поради нас седите на тие столчиња. Ние кога гледаме дека секој не отвфрла тогаш системот нема да се смени. И ние бараме само правда. Ние бараме вистинска правда за нашите деца и за идните генерации. Денес не има утре не нема, така пишува во Библијата. А овде не видовме дек ќе има нешто во врска со наата правда, рече мајката.





