ДПТ: Аријан Ибраим, кандидат за градоначалник на Центар Жупа

Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини, денес официјално ја поднесовме кандидатурата на нашиот кандидат за градоначалник, Аријан Ибраим, во Државната Изборна Комисија, за Општина Центар Жупа – тврдината на Демократската Партија на Турците, се вели во соопштнието од партијата.



-Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку својата работа и пристап, ја стекна и ја зацврсти поддршката на граѓаните. Уверени сме дека и на овие избори ќе продолжиме по истиот пат, со истата одлучност и посветеност. Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи. Нека овие избори бидат успешни и благотворни за нашиот народ, за државата и за целото наше членство.

На нашиот кандидат и на општинската организација им посакуваме искрен успех. Со силна вера и искрена желба, со нетрпение очекуваме повторно да прославиме голема победа во Центар Жупа. Цврсто веруваме дека оваа победа ќе ја постигнеме заедно со народот на Центар Жупа, се вели во соопштението од ДПТ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ