„Ајде со мене во пензија, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“ – Пандев му возврати остро на Ангеловски

Фото: АА

По обвинувањата на екс селекторот Игор Ангеловски, кој не е задоволен од изборот на Седлоски за нов селектор на Фудбалската репрезентација, се јави Горан Пандев.

Пандев луто му врати на Ангеловски и на Инстаграм на неговиот профил напиша:

-Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни шест часа да почне да плука . Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеке од 2-3 месеца . Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ, напиша остро Пандев.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ