Крива Паланка повторно светнува! Новогодишниот базар ги отвора вратите,место каде што се среќаваат насмевките, топлината и празничната магија. Да ја дочекаме Новата година заедно, како што знае само Крива Паланка.
Ова е објава на грдончалникот, Сашко Митовски, кој се грижи овие предпрзнични денови жителите да имаат убава забава и да ја почувствуваат новогодишната магија.

На 27 декември 2025 година (сабота), со почеток во 19 часот, на плоштад публиката ќе ужива на настап на Мирза Селимовиќ. Овој концерт ќе биде дел од официјалното отворање на Новогодишниот базар во Крива Паланка.
Погледнете ја програмата за богата празнична атмосфера, со светлосни декорации и содржини за сите генерации.







