Силјан„ конечно ќе „слета“ на црвен тепих во Скопје

После американската премиера во Њујорк, како и британската во Лондон, „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска ќе ја доживее својата свечена премиера во Скопје. На 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело.

МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кино промоција, каде ќе биде присутна целата филмска екипа на „Силјан“ која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите кои ги пронижа на сите меѓународни релевантни фестивали како и откупувањето на филмот од страна на National Geographic. Светските критичари рекоа: „триумф”, „апсолутен шармер”, „импресивно дело”,„прекрасна и нежна меланхолија деликатно поврзано со екосистемот, кој е предизвикан од притисокот на модерниот живот во Македонија”, и тоа се само дел од епитетите кои ги напишаа светските филмски критичари.

„Приказната за Силјан” е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. 

Режисерка:  Тамара Котевска (Honeyland), кинематограф: Jean Dakar (Жан Дакар), продуценти: Anna Hashmi, Тамара Котевска, Jean Dakar, Јорданчо Петковски, Producentski kukji: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop, монтажер: Мартин Иванов, студио за тонска обработка: Aleksandar Protic / MIR MEDIA, колор корекција: GHABHA Studios, музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio). Протагонисти: (Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски)

За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, пуштен е во продажба ограничен број билети.

Филмската екипа на “Силјан” ќе присуствува на проекцијата и ќе ги поздрави гостите.

Билетите се достапни преку платформата drugastrana.mk на следниот линк:
https://drugastrana.mk/event/prikaznata-za-siljan/

Поради ограничениот капацитет на салата, бројот на билети е строго ограничен.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ