Штипскиот затворен базен и официјално почна со работа

Затворениот базен во Штип од денеска и официјално започна со работа. Први кои почнаа со настава по пливање беа учениците од Општинското основно училиште „Димитар Влахов“ во Штип.

Наставникот по физичко воспитување, Владо Мицевски рече дека со ставањето во функција на затворениот базен се овозможуваат далеку подобри услови за работа не само за пливачите, туку и за учениците од основните училишта, за сите деца кои ќе имаат можност да ги стекнат основните техники на пливањето, но и за сите рекреативци.

-Голема благодарност до Општина Штип и градоначалникот што ни овозможија еден ваков прекрасен храм, за да можеме да ги остваруваме нашите тренинзи. Денеска сме со членовите и учениците на „Димитар Влахов“ и членовите на училишниот спортски клуб, рече Мицевски.

Тој додаде дека термините за користење на затворениот базен ќе бидат познати веднаш после празниците.

-Термините планираме да почнеме со работа после празниците, а дополнително за термините ќе информираме дополнително, вели Мицевски.

Затворениот базен освен учениците од штипските училишта ќе можат да го користат и рекреативци, а по празниците ќе се знаат деталите кој и кога ќе може да плива во новиот затворен базен во Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ