ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци

Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски,
„Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци. Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара“, соопшти ФФМ.
Ангеловски минатата недела остро го критикуваше раководството на ФФМ за одлуката Гоце Седлоски да биде назначен за нов селектор на националниот тим и побара ревизија на сите тренерски лиценци издадени од ФФМ, вклучувајќи ја и неговата, како и јавно да биде објавен регистарот во кој се запишани имињата на носителите.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ