Вчера се изгуби плнинар на Пелистер, информираа од ЦУК. Планинарот успеал самостојно да се спушти и да стаса до селото Нижеполе, па иако го загубил мобилниот телефон и се движел во лоши временски услови со густа магла, тој безбедно пристигнал во селото и се засолнил во една куќа, од каде телефонски известил дека е жив, здрав и во стабилна состојба.
По разните информации денес планинарот планинарот Милан Јаковоски денесна Фејсбук објасни низ што се поминал.
Објаснувањето на Јаковоски ви го пренесуваме во целост:
-Поради информациите кои се споделуваат денес со мене поврзани со планинарската тура на Пелистер еве неколку информации и од мене. Турата започна како секоја зимска тура, но во малку полоши и поекстремни услови. Група планиниари тргнавме од Инфо центар по патека Широка или изгорениот дом Ловечка. По кратка пауза на Ловечка се упативме кон врвот. На местото Седло временските услови се влошија настана многу густа магла (скоро никаква видливост) и ветер од 120км на час.

Двајцата планинари кои одеа пред мене ги изгубив од видик и пробав сам да продолжам неможеќи да ги најдам маркациите останав околу 15 мин во место и тогаш одлучив телефонски да му се јавам на група планинари кој со ратрак се спуштаја од врвот. При телефонскиот разговор од силниот ветер телефонот ми одлета како лист од рака, се обидов да го стигнам но не успеав. Во тој момент останав без никакова комуникација со останатите, а се одалечив од местото. По кратко рамислување во многу сурови временски услови решив да се вратам но за жал неможев да видам никаква маркација бидеќи си ги гледав само моите гузерици и ништо подалеку. Знаејќи дека не можам долго да останам на едно место со Господ напред и мала претпоставка на оријентација кај сум почнав да се спуштам со цел да најдам било која патека до долу.
Му благодарам на Господ што ме чуваше и на мојата добра физичка и психичка подготврност, но и на соодветната опрема која ја носев безбедно се вратив во село Нижеполе каде побарав телефон и ги информирав најпрво домашните, а потоа и сите останати дека сум добро. Сакам да се заблагодарам до сите екипи како: Национален Парк Пелистер, Спасувачката служба, останатите институции и пријателите како и човекот во селото од каде телефонирав што напорно во тие 3, 4 часа ме барале и се загрижиле по мојот живот. Ова е само уште една лекција за мене колку е голема и моќна планината и колку треба да се почитува. Поздрав, до следната слика од планина






