(Видео) Досаден и хипнотизирачки – Ова е најправиот пат во светот, 256 километри без кривина

Фито: Јутјуб

 Едноличен, бескрајно рамен и хипнотизирачки- така најчесто се опишува патот што важи за најздодевниот на светот. Иако нуди непречен и спектакуларен поглед кон една од најголемите песочни пустини на планетата, за возачите оваа делница претставува вистински тест за концентрација.

Станува збор за патен правец долг 256 километри без ниту една кривина, нагорнина или надолнина, кој минува низ пустината Руб ел Кали во Саудиска Арабија, пренесува порталот Пункуфер (Punkufer.hr).

Оваа делница е дел од саудискиот автопат број 10, што ги поврзува Ал Дарб на југозападот со Ал Бата на истокот од земјата. Вкупната должина на автопатот изнесува 1.474 километри, а трасата се протега во близина на границата со Обединетите Арапски Емирати.

Автопатот првично бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел со Саудиска Арабија од 1982 до 2005 година. По неговото отворање за јавен сообраќај, патот влегол и во Гинисовата книга на рекорди како најдолга права патна делница во светот.

За да се помине оваа совршено рамна траса потребни се околу два часа возење, што многумина имаат чувство како времето и просторот да стојат во место. По повеќе од 240 километри еднолично возење, првиот знак за кривина кај возачите често предизвикува олеснување- како патник кој во пустина наоѓа извор.

Иако на прв поглед автопатот  изгледа идеален за брзо возење, сообраќајните несреќи таму не се реткост. Надлежните предупредуваат дека една од главните причини е намаленото внимание на возачите, предизвикано токму од монотонијата на патот. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ