Граѓанската иницијатива Стоп за Усје, повторно излегува на улица затоа што воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот. Новиот протест е закажан за 21 јануари со почеток во 18 часот со блокада на раскрсницата на бул. „Борис Трајковски” и бул. „Србија”, во правец кон Усје.
-Листата на барања кои ги прочитавме на првата граѓанска блокада на 26.12.2025, ги доставивме до сите надлежни институции. Но, бидејќи НИКОЈ од нив не одговори НИШТО, ниту пак не повикаа на разговор, повторно излегуваме на блокада, за да им покажеме дека ќе бидеме упорни се додека не ги исполнат нашите барања! „ Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден !. Излези, затоа што ВОЗДУХОТ нема да се исчисти сам!”, велат од „Стоп за Усје“ и додаваат:

-Со оваа порака упатуваме јавен повик за мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје, како израз на револт и долгогодишна загриженост за здравјето на сите жители, а особено на нашите деца. Усје се уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп 24/7. Се дотогаш нема да им веруваме на сите што тврдат дека Усје не загадува. Оваа блокада произлегува од итното барање на граѓаните- Здравјето пред профитот!. „Бидејќи институциите не реагираат – ние граѓаните ќе мора повторно да го подигнеме својот глас на блокадата.”




