Маж од скопско Елово беснеел со 293 км/ч, па се пофалил со видео – МВР го пронајде и казни

Фото:МВР

МВР го пронајде и санкционираше возачот кој управувал возило со 293 км/ч и видеото го објавил на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч. По преземените дејствија, лицето кое го управувало возилото беше идентификувано, пронајдено и повикано. Во врска со настанот, лицето А.Д. (36) од село Елово, скопско е санкциониран согласно законските одредби.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зачувување на безбедноста на сите граѓани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ