(Видео) „Ќерка ми е љубоморна“ – Трамп воодушвен од долгите нокти на Ники Минаж

Фото: Принтскрин видео

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не престанува да изненадува со своите изјави. За време на говорот на Trump Accounts Summit на Трамп во Вашингтон, тој ја изненади публиката поканувајќи ја раперката Ники Минаж, која ја нарече „најголемата и најуспешна жена раперка во историјата“, на сцената, пренесува вечерњи.хр.

Минаж беше во првиот ред, ексцентрично облечена во бело крзнено палто и жолт фустан со екстремно долги нокти што го привлекоа вниманието на Трамп. Тој направи пауза во говорот и се пошегува: „Една од моите ќерки беше љубоморна кога слушна дека ќе бидеш тука. Јас реков – ќе ги оставам ноктите да ми растат, затоа што ги обожавам. Ќе ги оставам ноктите да ми растат!“. Потоа Трамп ја покани Минаж на сцената, двајцата се држеа за раце, а моментот брзо стана вирален на социјалните мрежи, со коментари за „опасно долгите“ нокти на раперот и рацете на претседателот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ