(Видео) Село со 166 жители, нема вода и канализација, а градоначлникот оди на работа со хеликоптер од 800.000 долари – Небулози во Романија

Фото: Јутјуб

Градоначалникот на едно романско село со 166 жители, кое нема вода за пиење, ниту канализација, оди на работа со хеликоптер вреден 800.000 долари, објавуваат телевизијата „Диџи 243 и веб-страницата „Хотњуз“.

Жителите на селото Бребу Ноу во округот Карас-Северин немаат ниту вода за пиење ниту канализација.

Сепак, неговиот градоначалник користи хеликоптер за службени цели, купен за 800.000 долари од Австрија на име на компанија што ја поседуваат тој и татко му, објавува „Диџи 24“.

Градоначалникот Габриел Бордија изјави дека леталото е негова сопственост, дека сака да лета со хеликоптер и има дозвола за управување. Сепак, местата на кои слетува се нелегални и не се официјално овластени, забележуваат медиумите.

„Диџи 24“ истакнува дека селото Бребу Ноу, во кое живеат 166 луѓе, е едно од најмалите населени места во Романија и не е поврзано со водоводна и канализациска мрежа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ