Од ноќеска на полноќ во Бугарија во продажба е еднодневна винета по цена од 4,09 евра. Овој вид на плаќање е особено погоден за македонските граѓани кои поминуваат низ Бугарија или патуваат на еден ден. Еднодневната винета, меѓу другото, важи за патнички автомобили до 3,5 тони, за приколки и камп-приколки, како и за камп-вагони од категоријата М1, без оглед на нивната технички дозволена максимална маса.
Еднодневна винета за патнички автомобили ќе биде воведена од 00:00 часот на 3 февруари 2026 година. Тоа дава уште една можност за краткорочно користење на бугарската патна мрежа. Оваа мерка се претпоставува дека ќе влијае позитивно на привлекување на странци, кои ќе поминуваат низ Бугарија за да стигнат до Грција, вклучително и српските државјани, кои од минатата година со влезот на Бугарија во Шенген зоната полека се пренасочуваат и наместо Македонија патуваат низ бугарските патишта до грчкото море.
Еднодневната винета ќе важи 24 часа од нејзиниот датум и време на започнување. Новата винета, како и другите типови, може да се купи со одложен почеток до 30 дена пред датумот на патување.
Еднодневната винета, меѓу другото, важи за патнички автомобили до 3,5 тони, за приколки и камп-приколки, како и за камп-вагони од категоријата М1, без оглед на нивната технички дозволена максимална маса.
Посебна винета за приколка или караван се купува само ако вкупната тежина кога е поврзана со возилото надминува 3,5 тони. Винетите за автомобилот и за приколката/караванот можат да бидат со различно траење во зависност од потребата.
Во 2026 година, цените на вињетите се исти како и во 2025 година и се прикажани во евра и лева. Конверзијата се врши автоматски по официјалниот фиксен девизен курс и не се потребни дополнителни дејства од корисниците.
Цените на винетите се следниве: Годишна – 49,60 евра; квартална – 27,61 евра; месечна – 15,34 евра; неделно – 7,67 евра; викенд – 5,11 евра и еднодневна – 4,09 евра .
Покрај веб-страницата на Националната администрација за патарини или мобилната апликација, винета може да се купи и од други продажни канали на RIA – на шалтер со плаќање во готово или преку терминал за самонаплата со картичка. Шалтерите се наоѓаат на главните гранични премини, како и во 27-те регионални администрации за патишта низ целата земја. Постојат 464 терминали за самонаплата.
Вињети може да се купат и од партнерската мрежа на Агенцијата за патна инфраструктура.








