Македонец „спечалил“ над 700.000 динари во пет кражби, полицијата го уапсила во Краљево

Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Северна Македонија под сомнение дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа.

Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.

Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот за кој се сомнева дека го користел при извршувањето на кривичното дело.

Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво. На осомничениот ми е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен во ОЈО во Краљево.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ