Изминатата недела до Институот за јавно здравје (ИЈЗ) пријавено е едно починато лице од со грип. Се работи 62-годишен маж од Тетово кое било хоспитализирано на Инфективното одделение Клиничката болница од Тетово.
„Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3)“, соопшти ИЈЗ.
Охрид, Дебар и Гевгелија се градови со најолем број на заболеми од грип според број на жители. Според ивештајот на ИЈЗ, во вие три града се бележи висока активност, средна активност се регистрира во осум ЦЈЗ/ПЕ, во 14 се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.
Во петатта недела од оваа година се пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е 12,3% помалку во споредба со претходната недела. Заболените лица се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип.
Споредено со ланската сезона на грип, во ова сезоната 2025/2026, бројот на пријавени случаи е зголемен за 30,7% и вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 11.415 (I=621,5/100.000).




