На 96 – годишна возраст, вчера почина д-р Коста Балабанов, една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство. Како историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат, професор и културен деец, тој остави длабока трага во проучувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност. Познат е и како хуманист, љубител на природата и пасиониран акварист, кој и во подоцнежните години активно го следи културниот живот и ги поддржува младите стручњаци.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре (сабота) од 14,30-15,30 часот во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.
Коста Балабанов е роден во Штип, на 5 април 1929 година и е познат македонски историчар на уметноста, филмски и телевизиски сценарист. Во 1955 дипломира историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Како почесен конзул на Јапонија во Македонија Балабанов е заслужен за значајни проекти, меѓу кои можеби најзначајниот – изградбата на Хидросистемот „Злетовица“ од каде со вода за пиеше се снабдуваат неговиот роден Штип и уште четири други градови од источниот регион.
Од 1994 година е именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје 1994-2009-Ја извршува функцијата на почесен генерален конзул на Јапонија во Република Македонија Во текот на 15 годишниот мандат како почесен генерален конзул на Јапонија, Балабанов раководи со бројни проекти преку кои јапонската влада има вложено во различни грантови за инвестициони проекти во Република Македонија повеќе десетици милиони долари. Најзначајни се секако донациите на медицинска опрема за болниците во Штип; Градската болница во Скопје; Градската болницата во Битола, Клиника за пулмологија во Скопје; 50-тина возила за брза помош во речиси сите болнички центри во државата; мноштво проекти во образованието; големи грантови во машини за земјоделието; и еден од најзначајните –изградбата на хидросистемот Злетовица со која е обезбедена вода за 6 населени места (Штип, Пробиштип, Карбинци, Лозово ,Свети Николе, Злетово) во источниот регион на Македонија.
За својата научна и друга општествена дејност, Балабанов се здобил со повеќе награди, одликувања, спомен-плаќети, благодарници, меѓу кои: награда “8 Ноември“ на градот Штип (1972); Медал и Диплома за извонреден придонес во заштита на културното наследство, на Сојузот на здруженијата на конзерватори на Југославија(1975); Орден за труд со златен венец на СФРЈ (1978) ; Медал од Vatikan-понтификатот Павле II (1985) 1978-Орден за труд со златен венец на СФРЈ и Диплома за значаен придонес во заштитата на културното наследство од Сојуз на здруженија на конзерватори на Југославија(1986); Повелба на културата од Собранието на Републичката заедница на културата ( 1987). Добитник е на десетици благодарници и плакети од различни општествени организации и градски општини. 2018-Плакета од Општина Виница-за откривање и афирмација на теракотните икони и Благодарница од Сојуз на борците на НОБ на Македонија (2005).
Во 1995 година, Министерството за надворешни работи на Јапонија го прогласува за истакната личност која придонесува за соработката на Јапонија со странство. 2001- Сребрен пехар со Златен амблем од Министерството за надворешни работи на Јапонија Во 2001 год. во Токио, Министерот за надворешни работи на Јапонија му доделува Сребрен пехар со Златен амблем на Министерството за посебни заслуги околу продлабочувањето на пријателството и соработката помеѓу Јапонија и Република Македонија.
Во 2008 година е добитник на орденот на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента- високо одликување од јапонскиот император Н.В.Акихито.
Во 2001 година, Јапонската Фондација, од 167 номинирани од целиот свет, му доделува на Балабанов “Специјална награда“ како прв од двајцата добитници, за што е примен во царската палата од јапонскиот император Акихито. Оваа специјална награда почнувајќи од 1974 година е доделена само на 10 добитници од Европа. Во Македонија , претседателот Борис Трајковски добивањето на оваа значајна награда на Балабанов, ја оценува како посебна афирмација на Македонија во светот. Во 2009година, добитник е на државната награда Св.Климент Охридски во Република Македонија.
Балабанов има значајна улога во меѓународната афирмација на македонската уметност: бил комесар на изложби во Лувр, во Токио и Кјото, како и учесник во големи европски проекти. Во 1989 година македонските икони, заедно со виничките теракоти, ги презентира во Ватикан. Предавал на универзитети и музеи во Европа и светот, а бил и визитинг професор на Мертон колеџот во Оксфорд.




