Камерите на „Безбеден град“ се инсталираат во уште два града

Фото: МВР

Камерите кои ќе ловат прекршоци, вкупно 40 на број се исталираат на патот кон Охрид, а ќе бидат поставени и во градот и во соседна Струга.

Системот „Безбеден град“ со инфраструктурата делумно е поставен и тоа  четири камери се инсталирани на делницата од автопатот Охрид-Кичево, како и кај Ботун и Ново Села во Дебрца. Овие новоинсталирани камери засега не испраќаат казни,  туку се во фаза на техничко тестирање и контрола на целокупната опрема.

Од СВР Охрид споделија дека целта е да се намалат сообраќајните прекршоци и несреќите, особено во периоди на најголем сообраќаен метеж и најголем ризик од невнимателно возење, непрописно паркирање и пребрзо возење на автопатите и влезовите во туристичките области.

Што значи, пред почетокот на туристичката сезона и овој дел од државата ќе биде под окото на камерите. Проектот „Безбеден град“ веќе функционира во Скопје, Куманово и Тетово. Најавено е дека системот ќе се прошири низ целата земја, со постепено зголемување на опфатот според локацијата и видот на кривичното дело.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ