Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград, киднаперите барале 20.000 евра

Фото: Фејсбук

Српскиот портал Курир.рс дознава дека пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран во автомобил во близина на Бетон Хол во Белград.

Според нивни информации непознати сторители, по кои се трага, го врзале, го возеле во неговиот автомобил и му побарале 20.000 евра.

-Се сомнева дека се странски државјани, а не е исклучена можноста да се работи за мигранти. Тие го одвезле киднапираното лице до Рума, каде што, кога сообраќајните полицајци се обиделе да ги запрат, удриле во банкина, излегле од возилото и избегале – открил извор на Курир.

За овој настан засега нема потврда ниту од српската полиција, ниту, пак, од Кајмакоски.

Подоцна се појавија видеа од клубот каде што Даниел пеел пред самото киднапирање.Елитниот ресторан се наоѓа на местото каде што бил киднапиран Даниел, а тој ресторан се смета за најлуксузен во Белград.

Како што може да се види на видеото, Даниел стои на сцената во црно одело со светки и ужива во својот настап, немајќи поим со што ќе се соочи кога ќе слезе од сцената и ќе се упати кон дома.

Видеото од настапот може да го видите ТУКА.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ