Семејствата добија одобрение за споменикот на жрвите од Пулс, постапката е започната, се прибираат средства

Здружението на семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс соопштија дека ја добиле Одлуката на општината со која се одобрува изградбата на спомен обележјето на жртвите:

„Ја добивме одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели, со вкупна површина од 1053 квадратни метри, кое е одобрено на бараната локација.

Ова за нас претставува голем и значаен чекор напред. Во наредниот период продолжуваме со обезбедување на останатите потребни документи, како и со финансиска поддршка од фирми и од физички лица, но и преку спортски и хуманитарни настани кои веќе се одржаа, како и оние кои во иднина ќе се одржуваат со исклучиво хуманитарна цел.

Сите овие активности се насочени кон едно — спомен-обележјето што побрзо да се реализира и достоинствено да им се оддаде почит на 63-те жртви кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Изразуваме огромна благодарност до Советот на Општина Кочани, како и до граѓаните на Општина Кочани, за нивната максимална поддршка, солидарност и човечност во овие тешки моменти.

Се надеваме и веруваме дека „Патеката на бесконечноста“ ќе биде изградена во најкраток можен рок, како траен спомен, тивка болка и вечно сеќавање на оние кои прерано нè напуштија.“ – стои во соопштението на семејствата на загинатите.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ