Mакедонски производи ќе се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти, рече Мицкоски

 Шеесет и три-шеесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава.

– Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и шест и пол проценти – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиште во Карпош.

Тој додаде дека изминатите месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на овие преговори.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ