„Последна станица Ласкарци“ – книга на Горан Наумовски за трагедијата

„Последна станица Ласкарци“ е книга од македонскиот автор Горан Наумовски која се осврнува на трагичната автобуска несреќа што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари 2019 година.

Книгата ја обработува трагедијата на патниците кои патуваа на релација Скопје-Гостивар, пат долг околу 60 километри кој вообичаено трае околу еден час. Наместо безбедно враќање дома патувањето заврши со тешка сообраќајна несреќа што одзеде 16 човечки животи и остави длабоки последици врз семејствата и целата јавност.

Наумовски раскажува за животото пред и по трагедијата. Преку лична емотивна и филозофска перспектива ги отвора прашањата за кревкоста на животот случајноста и судбината достоинството во моменти на болка и смислата на животот во трагични околности

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ