Оризарец со 2,14 промили лудувал со автомобил по Кочани

Фото: МВР

На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од с.Оризари, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,14 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ