Моника Црнокрак и Нела Јосифовска освоија титули на Мис Европа

Моника Црнокрак се закити со титулата 5-та придружничка на изборот за Мис Европа, кој минатиот викенд се одржа во елитниот Event Centar “Quora” во Бејрут, Либан. Македонија ја претставуваше и уште една девојка од Македонија, Нела Јосифовска, која ја освои титулата најубаво лице на Европа.

На овој натпревр учествуваа 30 девојки од цел Европа.

Националниот фустан во кој се претстави Моника Црнокрак беше изработен специјално за овој настан од нашата модна креаторка Наташа Карчева.

Ова е втора титула на Моника на овој избор, откако ја претставуваше Македонија и во 2023-та на истиот, а тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност.

Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фустан во сино-зелена боја.

Модното студио Црнокрак со години наназад ја има лиценцата за учество на овој избор и секоја година се грижи за девојките кои ја претставуваат земјава на реномираниот избор.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ