Замина актерката Ленче Делова, ќе ја паметиме по „Чук Чук Стојанче“, „Диво месо“, „Тетовирање“, „Пред дождот“, „До балчак“…

Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова(77). Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек, инфформираа вчера веерта од нејзината матична куќа Драмски театар.

Драмски театар Скопје ја информира јавноста и дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11:00 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот.

Офелија во „Хамлет“, „Ни ќар – ни зијан“  се само дел од улогит за кое е наградувана. Ќе ја паметиме по улогите во„Итар Пејо“, „Илинден“, „Чук Чук Стојанче“, „Македонски народни приказни“, „Светот има осум страни“, како и во филмовите „Диво месо“, „Тетовирање“, „Пред дождот“, „До балчак“ 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ