Болничар ги нападнал колегите и директорот во штипската болница

Болничар, ангажиран со договор за дело, во саботата околу 18 часот се однесувал агресивно кон своите колеги, при што ги нападнал вербално, ги снимал со телефон и им се заканувал.

Директорот на штипската Клиничка болница, д-р Владко Захаријев, за случајот бил веднаш информиран од вознемирениот персонал, по што повикал полиција, потврдува тој за Канал 77.

Откако дошла полицијата на увид, болничарот започнал со закани и кон директорот преку мобилна апликација, заканувајќи се по неговата физичка безбедност.

Откако и овие закани биле пријавени во МВР, болничарот е приведен во полициската станица во Штип, а јавен обвинител презема мерки за расчистување на случајот.

Со оглед на сериозноста на инцидентот кој го предизвикал болничарот, согласно правилниците на установата, на истиот ќе му биде прекинат договорот за работа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ