Внимателно! Лавинската опасност на Шар Планина, избегнувајте ризични и стрмни терени

Фото: Фејсбук

-Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција. Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови: движете се внимателно во планински услови, избегнувајте ризични и стрмни терени, користете соодветна безбедносна опрема. Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата. Безбедноста секогаш нека биде на прво место, информираат од Националниот парк.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ