Тројца мажи-насилници си ги истепале сопругите на Денот на вљубените!

Фото: Фрипик

МВР информир дека тројца мажи-насилници си ги истепале сопругите.

Ова се насилниците:

-На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријави дека на 14.02.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А. , со кого се во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

-На 15.02.2026 во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Т.В.(55) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.02.2026 околу 22:30 часот во стан на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

-На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека oколу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физички сила била насилно ставена во патничко возило, при што била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М.(33).  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ