Гаши со честитка за Денот на независноста на Косово

Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитки на граѓаните и институциите на Република Косово по повод Денот на независноста.

– Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава. Република Северна Македонија и Република Косово уживаат одлични односи – вели Гаши во честитката.

Нашите соседски, општествени и историски врски, како што се наведува во честитката, се силни и претставуваат непоколеблива основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу нашите две земји.

-На овој значаен ден, ја потврдуваме нашата поддршка за успешниот пат на Република Косово и изразуваме убедување дека нашата братска соработка ќе продолжи да се продлабочува во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, како и на унапредувањето на нашата заедничка евроатлантска агенда. Честит Денот на независноста на Република Косово! – посочува Гаши во честитката

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ