Во петок жителите на Блатец ќе го блокираат патот Виница – Берово

Жителите на виничкото село Блатец во петок, 20 февруари, два часа ќе го блокираат магистралниот пат Виница-Берово кај местото „Скараница“, каде што се наоѓа крстосницата од која по локалниот пат, по неколку километри, се стигнува до селото.

Тоа е последната одлука на жителите на Блатец, донесена во знак на револт, откако по три и пол години повторно се приморани да протестираат и да го блокираат преминот кон реката Блатешница, поради најавата дека некој сака да изгради минихидроцентрала на оваа река, од која селото се снабдува со вода за пиење и за наводнување.

Како што вчера информираше Канал 77, неколку денови по ред селаните од виничкото село Блатец со жив штит ја бранат реката Блатешница од почетокот на градежните активности за изградба на мала хидроелектрана.

Ова не се првите блокади на Блатешница, претходните се случуваа некаде на крајот од 2022 година, кога со тогашните протести жителите на Блатец успејаа да ги одтргнат од намерата тогашните концесионери да градат хидроелектрана. Сега селаните повторно ги алармираше тоа што беше отстранета рампата на локалниот пат кој води единствено до спорната локација.

Месната заедница на селото Блатец прогласи вонредна состојба и повеќе од 72 часа е во постојано заседание, а на патот кој води до локацијата предвидена за мала хидроелектрана има постојани 24-часовни блокади со возила, трактори и луѓе кои стражарат во смени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ