Нашата политика е јасна – стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард. Ќе продолжиме со дисциплина во приходите, со одговорност во трошењето и со чувствителност кон реалните потреби на граѓаните – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.
Борбата против сивата економија, посочи премиерот, не е кампања, тоа е процес, контролата на цената не е популизам, тоа е заштита на граѓаните.
– Ќе бидеме и цврсти и праведни. И кон оние што избегнуваат обрски и кон оние што се обидуваат да профитраат од кризите затоа што нашата обврска е јасна – економија со ред, пазар со правила, држава со достоинство рече Мицкоски.
Тој укажа дека сивата економија е изгубен приход за државата, изгубена можност за повисоки плати, подобри болници, модерни училишта, посигурни пензии… – Таа создава нелојална конкуренција, ја руши довербата во институциите и го демотивира секој кој работи чесно. Нашата цел е јасна – формалата економија да стане попривлечна од неформалната, да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално, рече Мицкоски, истакнувајќи дека борбата против сивата економија не може да биде само инспекциска, туку системска.
– Паралелно со борбата против сивата економија мора да проговориме и за цените во маркетите. Како Влада ја споделувме згриженоста на грѓаните. Глобалните движења, енергетските шокови… влијае врз пазарите. Но, тоа не сме да биде алиби за неопрвданите маржи и прекумерни профити врз грбот на граѓаните. Пазарната економија значи слободна економија,но не значи без контрола. Затоа ќе продолжиме кон засилен мониторинг на цените на основните прехрамбени производи, анализа на трговските маржи и коордринција за спречувње на злоупотреби. Нашата политика е јасна, заштитен животен стандарт. Немаме прво да дозволиме нечесноста д биде попрофитабилна од чесноста, граѓаните да плаќаат повеќе и да толерираме систем во кој некои работи се во сенка а другиот ја носи тежината на системот, рече меѓу другото Мицкоски.





