Премиерот Христијан Мицкоски им одговори на сомневањата за користење на владиниот авион за приватни цели со патувањето изминатото лето до Сплит, Хрватска, каде беше соопштено дека го користи својот одмор. Мицкоски потврди дека го користел авионот да се врати од Сплит, но од работната вечера со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по три дена одмор.
– Патував до Хрватска со комерцијален лет на „Кроација Ерлајнс“ до Сплит на покана со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ имав на работна вечера и мојот годишен одмор, кој требаше да траеше три дена го продолжив за еден ден и да трае 4 дена. И бидејќи го испуштив летот повратно, со комерцијален лет да се вратам, а следниот ден имав неодложни обврски, владиниот авион ме зеде од аеродромот Сплит и ме донесе до Скопје, појасни Мицкоски.
Во однос на користењето на владиниот авион, рече дека во неговиот мандат го користел четири пати и тоа еднаш до Будимпешта на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, каде во еден правец патувал со комерцијален лет до Виена поради тоа што еден од членовите на екипажот имал приватни обврски. На враќање дома си дошол со владиниот авион. Втор пат бил во Белград, како што рече „на покана на сестринската партија и настан во Белград“, каде отишол и се вратил заедно со дел од обезбедувањето. Четвртото користење на владиниот авион било за патување со Тирана со неговиот шеф на кабинет и советникот за надворешни работи, амбасадорот Марковски.
Мицкоски најави патување до Подгорица на почетокот на јуни, каде во еден ден ќе замине и ќе се врати.
Премиерот реагираше дека опозициската претседателот на СДСМ во разговорите со него ја истакнуваат потребата од потребата од нов воздухоплов, додека јавно критикуваат.
-Тој рече дека за ова не треба да се критикува владата и дека нема да критикуваат, оти утре ќе има нова влада, а и воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини. Гледаме дека не си стојат на зборот и ние ќе се повлечеме од таа набавката и ќе се молиме да останеме живи, доколку се урнеме некаде и починеме, претпоставувам ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и идни премиери е одвишна, рече Мицкоски.





