„Нека умрат фирмите кои не можат да дозволат достоинствени плати“ – Амар Мециновиќ во Собранието

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, од собраниската говорница посочи дека Владата ги штити фирмите кои даваат недостоинствени плати:

„Овие фирми нема да умрат од зголемување на платите, но ако цел бизнис-модел им се заснова на плати за сиромаштија, дозволете им да умрат. Нека умрат фирмите кои не можат да дозволат достоинствени плати за граѓаните на Македонија. Вашето штитење носи недостоинствен живот. На нас семејствата ќе ни се распарчуваат бидејќи фирмите кои не можат да поднесат повисоки плати, вие ќе ги штитите? Ние тоа нема да го дозволиме. Ако умираат, нека умрат, рече Мециновиќ.

Мециновиќ се обрати и до министерот за економија, Бесар Дурмиши, прашувајќи го дали Владата, како што рече, конечно ќе признае дека незголемувањето на минималецот е нивен политички избор.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ