Легендарниот бенд Andra Generationen ја претстави својата најнова музичка експлозија!
Овој пат, во наш препознатлив стил, ја преработивме безвременската македонска народна песна „Заиграле мамо девојчиња“. Ова не е само обична преработка. Ова е спој на традицијата и модерната балканска енергија што само Andra Generationen знаат да ја приредат. Стара македонска песна облечена во ново, енергично руво. Совршен микс на звуци што ги поврзува генерациите. Песна која ве кани на оро, без разлика каде се наоѓате! Сакавме да му оддадеме почит на нашето потекло и на македонската музичка ризница, но на наш начин – со многу енергија и звук што ќе ги крене сите на нозе, велат члновите на групата, кои живеат, работат и пет во Шведска.




