Дојде првиот штрк во Богородица гевгелиско, девет дена порано

Фото: Гевгелијанет

Предвесникот на пролетта, долговратиот бел штрк, пристигна вчера изутрина во село Богородица, гевгелиско навестувајќи дека доаѓа пролетта.
Најпрво слета на камбанаријата од селската црква, а потоа се смести во едно од постоечките гнезда, кои што ги има на секоја бандера во селото, пренесува гевгелијанет.ком.

Годинава првиот штрк порани цели 9 дена за разлика од лани кога пристигна на 28 февруари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ