Евакуирани се сите ученици во „7 Март“ во Тетово откако изутрината било пријавено дека е поставена бомба.
Според првичните информации на „Тетова сот“, додека учениците се евакуираа од зградата, полициските сили започнаа со проверки во просториите на училиштето.
Засега, властите не дадоа дополнителни детали во врска со случајот. Ситуацијата се следи и се чекаат дополнителни официјални информации.
Лажна пријава за поставена бомба имаше и во петокот, 20-ти февруари во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.




