Кочани ќе добие 17-метарски метален крст на влезот во градот од правец на Штип. Ваква одлука донесоа мнозинството советници на денешната седница на советот, на која со 14 од вкупно 19 гласови, беше одобрена изградбата.
Иницијативата за изградба на крстот доаѓа од Брегалничката епархија на МПЦ – ОА, а имаше забелешки околу некомплетната документација за проектот, како и дека изградбата била започната пред советот да донесе одлука.
Локацијата на изградба на крстот е на 20-тина метри од влезот на дискотеката Пулс, каде во март лани се случи најголемата трагедија во поновата македонска историја, а неофицијално иницијативата на МПЦ е токму во спомен на жртвите на трагедијата.





