Прегазениот рис е меѓу последните педесетина примероци пред истребување

Македонското еколошко друштво во текот на вчерашниот ден обзнани дека по дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, на терен констатирале дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид.

Синоќа била преземена координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција.

Како што информираат од Македонското еколошко друштво, угинатиот рис е еден од последните педесетина примероци од овој загрозен вид пред целосно истребување:

„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот.“ – велат од друштвото.

На социјалните мрежи имаше бурна реакција поради несовесното и неодговорно управување на патиштата, особено на оние кои поминуваат низ дивина, во која може да се најдат диви животни.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ