Газда на бизнис во Манчестер, Ендру Алти, останал во шок кога добил сметка за мобилен телефон од 48.000 евра по семеен одмор во Мароко. Трошокот бил направен бидејќи неговата ќерка гледала ТикТок на патувањето, а сметката, вели тој, можела сериозно да го потопи неговиот мал бизнис.
Алти, кој раководи со компанија за завеси, на почетокот помислил дека е грешка. „Патував кон пустината. Неколку пати го повикав мојот оператор О2, но немаше многу што можев да направам. Претпоставив дека е грешка или некој ми ја хакирал сметката“, изјавил тој за The Telegraph.
Подоцна се покажа дека неговата ќерка повремено го користела ТикТок вкупно околу осум часа, а сметката изнесувала околу 5.729 евра на час. Ова се должело на ставка во деловниот договор што дозволувала пренос на податоци надвор од Европа, но со многу високи такси.
Откако медиумите почнаа да истражуваат во случајот, на крајот му било простено. „Тие не направија ни најмал напор да нè предупредат, само гледаа како расте сметката. Не знам како очекуваат која било мала компанија да плати нешто вакво“, рече Алти.
Патем, самиот ТикТок неодамна се најде под лупа поради влијанието на неговата платформа, откако беше постигнат вонсудски договор во случај што се однесуваше на зависност од социјалните мрежи.




