„Блокадафест“ – протест и музички настан пред влезот на Титан Усје

„Граѓаните не молчат. Борбата за чист воздух добива сè поголема поддршка и станува
гласна, видлива и масовна“, велат од Иницијативата „Стоп за Усје“, која во петок, 27 февруари, организира „Блокада фест“ – протест и музички настан пред влезот на Титан Усје, со почеток во 15:00 часот, а кој ќе трае до
23:00 часот.
-„Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија. Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето, но и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен! Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка,Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух, велат од Иницијативата.

Тие јавно потсетуваат дека:
● Титан испушта чад од 12 точки, а доставува мерења до МЖСПП само од 2 оџака.
● Иницијативата има 9 конкретни барања, од кои дислокацијата не е едно од нив.
● Досега не е презентиран ниту еден релевантен доказ дека фабриката не загадува,
само засилен ПР.
-Сè додека загадувањето продолжува, протестот продолжува. Ги повикуваме сите граѓани во петок да дојдат пред Титан, да застанат на блокадата, да го искажат својот став и да бидат дел од БЛОКАДАфест. Затоа што само сите заеднички можеме да направиме промени и да се избориме да дишеме чист воздух, информират од Иницијативата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ